Болките во грбот понекогаш се неиздржливи, па затоа терапевтот Џејмс Мур одлучил да покаже едно движење кое ќе го реши ваквиот проблем.
Неговото видео на ТикТок е прегледано 13 милиони пати, а истегнувањето кое го демонстрирал наводно ги отвора рамениците, го истегнува ‘рбетот и го ублажува чувството на затегнатост во долниот дел од вратот и помеѓу лопатките.
Легнувајќи на стомак, Мур ја подигнува левата нога и го свиткува коленото така што ногата е под агол од 90 степени. Потоа со десната рака го подигнува горниот дел од телото, а левата рака ја протнува под торзото. Додека се спушта во почетната положба, се слуша крцкање, а тој веднаш чувствува олеснување, како што вели и самиот.
„Започнете да го правите ова секој ден и болките во грбот ќе исчезнат“, напишал Мур на видеото кое можете да го погледнете во продолжение:
@moorewellness Back pain relief #back #backpainrelief #backpain #painrelief ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show