Високи, ниски, обоени, проѕирни, стаклени тегли може да се најдат во сите големини и бои.
Откако ќе ја изедете храната, стаклената тегла или ќе ви биде вишок низ куќата или ќе можете да најдете друга намена за неа. Кога ќе размислите за тоа, насекаде можете да ги видите нивните потенцијални употреби.
Избравме пет начини на кои можете да ги користите.
1. Сортирање на зачини, сушени билки, намирници
Наместо директно да купувате зачини во тегла, направете своја тегла за зачини и наполнете ја сами. Не само што е поевтина опција, туку можете и да научите сами да направите комбинација од зачини и да ги оставите во посебна тегла. Истото важи и за складирање на сушени билки, чаеви и друга сува храна. Има ли нешто поубаво и попрактично во кујната од убаво организирана и еднолична полица?
2. Светилки во тегла
Дискретно светло или ноќно светло за исплашено дете, има толку многу начини да се направи светилка од стаклена тегла. Од стотици и илјадници опции за тоа како можете да направите сијалица од тегла, ја издвојуваме наједноставната – вметнете украсни светла во една од нив и уживајте во моменталното осветлување.
3. Свеќи
Секој го сака треперењето на пламенот на свеќата од пчелин восок за релаксација на крајот од напорниот ден. И додека рачно потопените свеќи од пчелин восок се лесни за правење, свеќите од стаклена тегла се уште полесни. Загрејте го восокот, додадете малку етерични масла и нежно истурете го во стаклена тегла.
Истото можете да го направите и со вишокот мрсни боички со кои не знаете што да правите. Само растопете ги во тегла и ќе добиете шарена среќна свеќа.
4. Терариум
Ако имате тегла што не се вклопува со другите, направете мала градина во неа. За секој кој има потреба да сади, терариумите се дефинитивно нешто за експериментирање. Можете да ги направите во тегла која било големина или форма. Ако сте смели, можете дури и да направите мал аквариум за риби.
5. Сад за шрафови и клинци
Теглите се одлични за складирање. За разлика од пластиката, можете лесно и јасно да видите што има внатре. Практично не само за жени туку и за мажи кои не знаат што да прават со шрафови, шајки, завртки и други ситници кои само тие знаат како се викаат. Само одвртете го капакот, фатете го она што ви треба и готово.