понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

5 НЕОБИЧНИ СОВЕТИ ЗА УБАВИНА! Верувале или не, она што ви треба веќе го имате во КУЈНАТА

5 НЕОБИЧНИ СОВЕТИ ЗА УБАВИНА! Верувале или не, она што ви треба веќе го имате во КУЈНАТА

Во кујната често наоѓаме храна која може да ни помогне да подготвиме домашни препарати за нега, но можеби до сега не сте знаеле дека некои жени користат обична лажица како козметички реквизит

Против подочници

Ставете две лажици во замрзнувач пет минути. После тоа, долниот дел наслонете го на очите и очните капаци и оставете ги така една минута. Повторете ја постапката доколку е потребно. Лажиците делуваат како ладна облога против отечени очи и темни кругови и стеснување на крвните садови.

Виткач за трепки

Допрете ја лажицата на долниот раб на окото така што дното е свртено кон надвор. Затворете ги очите, а потоа постепено кревајте ја лажицата со трепките. Лесно притиснете ги на капакот, држете ја положбата околу 30 секунди и тргнете ја лажицата.

Против дамки од маскара

Пред да почнете да нанесувате маскара на долните трепки, допрете ја лажицата на долниот капак, под трепките, така што нејзиното дно е свртено нанадвор. Нанесете маскара преку трепките, а лажицата ќе спречи маскарата да се нанесе на кожата.

За совршен облик на веѓи

Прилагодете ја лажицата да го следи долниот раб на веѓата. Ќе послужи како шаблон за обликување, па следејќи го обликот на лажицата, поминете со моливот преку веѓите.

Нанесување руменило

Доколку не сте сигурни каде точно да нанесете руменило на јаболчната коска, потпрете ја лажицата на јаболчницата, а потоа насмејте се. Лажичката ќе биде токму на испакнатиот дел од лицето. Притиснете ја лажицата, па извадете ја. Нанесете руменило каде што има трага од лажица.

За мозолчиња

Истурете топла вода во чаша и ставете една лажица во неа да се загрее. Ваквата лажица ставете ја на мозолчето и оставете ја околу 15 секунди, а потоа повторете ја постапката. Ова ќе го смири „воспаленото“ место.