четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

5 знаци кои укажуваат на недостаток на протеини во организмот

5 знаци кои укажуваат на недостаток на протеини во организмот

Протеините се важен дел од нашата исхрана бидејќи играат витална улога во одржување на силата на мускулите, зараснувањето на раните, создавањето нови клетки и обновување на старите.

Ако човекот не внесува доволно протеини, можат да се појават одредени симптоми.

Најјасниот знак за недостаток на протеини е губење на мускулната маса. Покрај него, може да се појави и зголемен ризик од фрактури на коските. Со оглед на тоа дека фоликулите на косата, кожата и ноктите се состојат од протеински нити, недоволната консумација на протеини може да доведе до слаба и кршлива коса, нокти и кожни проблеми.

Во екстремни случаи, отечената и надуена кожа е уште еден симптом на недостаток на протеини, а петтиот симптом е застој во растот кај децата.

Недостатокот на протеини е релативно редок во западните земји. Повеќето здрави возрасни лица треба да внесуваат 0,8 грама протеини по 1 килограм телесна тежина. Така на пример, возрасна личност од 60 килограми треба да внесува помеѓу 48 и 60 грама протеини дневно.

Најдобри извори на протеини се месото (пилешко, говедско, мисиркино), како и млечните производи. Протеините се содржат и во гравот, целите житарки, јаткастите плодови и семките.