вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

6 ефикасни начини како да се изладите без клима уред во текот на пеколните жештини

6 ефикасни начини како да се изладите без клима уред во текот на пеколните жештини

Во последните години клима уредите станаа задолжителна работа во сечиј дом, така што многумина можеби заборавија дека е можно да се преживеат жештините и без нив.

Летото официјално не пристигнало, но температурите се карактеристични како за најтоплото доба од годината.

Во тропските денови најчесто се разладуваме со клима уредите затоа што така е најбрзо и најефикасно, но сè почесто ги запоставуваме триковите кои можат да бидат исклучително корисни во текот на целата пролет и лето.

1. Ставете чорапи во фрижидер

Иако оваа метода можеби звучи чудно, сепак „Националната медицинска библиотека“ направила студија која заклучила дека разладувањето на стапалата е ефикасен метод поради тоа што така се ублажува топлотното оптоварување на телото.

2. Останете хидрирани

Нашиот организам не задржува доволно вода поради што секојдневното внесување на течности е од пресудно значење за здравјето. Водата ја губиме како последица на различни биолошки процеси кои се одвиваат во нашиот организам, а најголемиот процент од водата од телото се исфрла како последица на високите телесни температури.

Токму тоа е причината поради која во текот на високите температури важно е дополнително да се хидрира организмот.

3. Изберете добра постелнина

Кога ќе започнат жештините, ќебињата и јорганите ги ставаме на повисоките полици од орманите. Тогаш на ред доаѓа постелнината од лен, свила или памук. Како што наведуваат експертите, овие материјали нè ладат и овозможуваат нашата кожа да „дише“.

4. Инвестирајте во добар душек

Душекот од неквалитетен материјал ја задржува топлината во телото. Поради тоа, советуваат експертите, треба да купите квалитетен душек којшто ќе ви обезбеди мирен сон.

5. Туширање со ладна вода

Поголем дел од луѓето пред излегувањето од дома во текот на сончевите и топли денови се тушираат со ладна вода, меѓутоа експертите советуваат дека тоа треба да го правите пред да си легнете да спиење.

6. Шише со ладна вода

Експертите советуваат шишето до пола да го наполните со ладна вода и да го ставите во замрзнувач. Кога водата ќе замрзне, шишето ставете го под перница.