Победникот на традиционалниот натпревар во Црна Гора, каде што натпревурачите се тркаат кој повеќе ќе издржи да лежи и не прави ништо, Жарко Пејановиќ, предизвикал инцидент.
Имено, тој бил незадоволен од објавата за неговата победа, и влегол во редакцијата на дневниот весник и порталот Дан и физички ги нападнал вработените, кршејќи и инвентар. Во објавата пишува дека Пејановиќ е најголемиот џаболебар во Црна Гора, што е титула што ја добива победникот на натпреварот, но изгледа на Жарко тоа не му се допаднало.
Пејановиќ, откако направил хаос веќе во маркетинг одделението на Дан, потоа продолжил и во другите редакции и повредил новинарка, пишува Дан.
Инцидентот бил пријавен и во полиција, по што на Пејановиќ му следи „средба“ со обвинител и можеби притвор со траење до 72 часа.