Финците се најсреќни луѓе на светот.
Во топ 10-те се рангирани пет нордиски нации. Податоците се објавени во извештајот „World Happiness Report” и е креирана ранг-листа од 156 земји на светот врз основа на среќата на населението. Во обзир се земени фактори како животниот век, личната слобода, социјалната сигурност, социјалната помош и корупцијата.
Оваа земја се наоѓа на првото место со 7.769 бодови, Данска е втора со 7.600, трета е Норвешка со 7.554, четврта земја е Исланд со 7.494, а Холандија е петта со 7.488 бодови. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.
Во регионот, најсреќни се во Словенија (44-тото место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место). Македонија е на 84-тото место.
Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.