Пред неколку децении, мажите и жените кои не стапиле во брак до дваесет и петтата година ги сметаа за стари ергени и моми.
Денешната ситуација е сменета: само мал број на луѓе се одлучуваат за брак во дваесеттите години. Многу од нив се уште се сами и после триесетата година. Еве зошто е тоа така:
Уште не е разбуден
Причината поради која денешните мажи не се одлучуваат за брак порано е токму фактот дека се заштитени од родителите, па во нив уште не е разбуден вистинскиот маж – човек спремен за семејство и обврски. Тие се уште се чувствуваат премногу млади за да заполоват во брачните води и да си „наметнат синџири“.
Негативно искуство
Дури и ако мажот не бил во брак, можеби се соочил со негативно искуство во врска која траела со години и која завршила неуспешно. Токму поради таа причина, мажите стравуваат дека бракот ќе им постане терет, па затоа и не се одлучуваат за истиот.
Токсично влијание од мајката
Родителите, а најчесто мајката, знаат да предизвикаат неупсех во личниот живот на мажот. Таа повремено нафрла девојки со кој тој треба да се запознае или му го „пренасочува вниманието“ дека одредена девојка не е за него. „Ниту една девојка не е доволно добра за мојот син“ – е реченица која многу мајки ја користат. Со текот на времето, посесивната мајка, ги отргнува девојките од синот, а мал е бројот на девојки кои би влегле во отворена војна против мајката на идниот младоженец.
Искрена љубов кон самотијата
Љубовта кон самотијата не е мит, таа навистина постои. Постојат мажи кои сакаат да останат неженети: ја имаат слободата да прават што сакаат, кога сакаат и никој за ништо да не ги испрашува. Тоа е карактеристично за луѓе од 45 до 50 години, кои си ги развиле своите навики и не можат да прифатат некој друг да им го менува или уредува животот. Среќни се самите со себе и немаат потреба за жена и деца и брачен живот.
Модерни околности на животот
Пред неколку децении точно се знаеја поделбите на машко-женските односи: мажот заработува пари, а жената се грижи за куќата. Денес мажот знае да прави ручек, да пере и пегла.. Тој нема потреба за жена која треба да му ја врши целата оваа работа.
Потешкотии во наоѓањето на компатибилна жена
Овој проблем го имаат оние мажи кои сакаат семејство, ама едноставно не знаат како да го изведат тоа. Некои од нив не знаат како да покренат иницијатива и да освојат жена, како да се претстават. Ваквите мажи ретко влегуваат во љубовни врски и ако дојдат до нив, истите кратко траат.
После 30та година забавувањето повеќе потсеќа на интервју
Можеби оваа реченица е смешна, но е вистинска. Во триесетитте години и мажите и жените знаат што сакаат од парнерот. Забавувањето повеќе личи на разговор за работа. Се мери што може да се добие, а што изгуби. Затоа е многу тешко да се најде некој со кого заеднички ќе се градат партнерските односи и ќе се создаде нормален заеднички живот.