Хирурзи во Њујорк, САД, извршија успешно пресадување бубрег од генетски модифицирано прасе на човек. Како што пишува „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално.
Според директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт.
Новиот орган почнал да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи“, рече докторот. Според него, генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето.
-Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето на пресадениот орган, вели професорот вклучен во испитувањата. (МИА)