сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Астероид денеска поминува покрај Земјата: Научниците не знаеја се до пред три дена

Астероид денеска поминува покрај Земјата: Научниците не знаеја се до пред три дена

Астероидот ќе помине блиску до Земјата, односно ќе и се приближи на само 90.000 километри, што е околу 23 отсто од просечното растојание меѓу Земјата и Месечината.

Многу поважен од тоа е фактот што пред само три дена никој не ни знаеше дека се наближува овој астероид.

Астероидот наречен „2022 NF“ се очекува да помине покрај нашата планета без да причини било каква штета, соопшти лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена.

Астрономите го открија астероидот користејќи податоци од Pan-STARS, систем на камери и телескопи базиран на Хаваи, чија примарна цел е да детектираат објекти блиску до Земјата.

Научниците го идентификуваа објектот дури на 4 јули и ја пресметаа неговата приближна големина и траекторија, проценувајќи дека вселенската карпа е широка помеѓу 5,5 и 12,5 метри.

Поради својата мала големина, 2022 NF не ги исполнува критериумите на НАСА за „потенцијално опасен астероид“, кој мора да биде долг најмалку 140 метри и да помине на 7,5 милиони километри од Земјата за да ги исполни тие критериуми.

НАСА и другите вселенски агенции внимателно следат илјадници објекти блиску до Земјата.

Овие објекти ретко претставуваат закана, но некои големи астероиди би можеле да се покажат опасни доколку се сменат нивните траектории.