На авионот кој во 2001 година превезувал 293 патници и 13 членови на екипажот, му откажале сите мотори среде летот над Атланскиот Океан.
Она што во тој момент пилотите не го знаеле е дека цело време на летот од Торонто до Лисабон им истекувало горивото.
Кога откажал првиот мотор била донесена одлука авионот принудно да слета на најблискиот остров.
Кусо потоа откажал и вториот мотор, па екипажот кој зад себе имал над 20.000 часа летачко искуство, продолжил на едри во воздухот околу 120 километри.
Авионот успешно бил приземјен, а инцидентот влегол во историјата како најдолг авионски лет без помош на мотори, пишува британски Телеграф.
Приказната за летот на компанијата Ер Трансат е потсетник дека дури и доколку сите мотори откажат и натаму постои голема шанса патниците безбедно да слетаат на земја.
Пилотот Патрик Смит во својата книга објаснува дека без помош на мотори, висината на летот на авионот на секои 16 километри далечина паѓа за околу 1,6 километри.
Тоа значи дека патнички авион, кој во просек лета на 10 километри надморска висина, може да едри уште околу 100 километри пред да допре до тлото. Сепак брзината и аголот не се секогаш исти.
Смит наведува и дека едрењето се случува многу почесто отколку што патниците може да замислат.
– Процесот отприлика потсетува на спуштање на автомобил по удилнина без да се притисне педалата за гас, објаснува пилотот.