Туристите кои доаѓаат на индонезискиот остров Бали од 2024 година ќе треба да плаќаат такса во износ од 10 долари по лице, соопшти денеска локалниот туристички одбор. Парите првенствено ќе бидат искористени за заштита на животната средина и програми за зачувување на културното наследство на островот, велат од туристичката заедница.
Бали е популарен меѓу туристите од целиот свет, особено поради неговите прекрасни полиња со ориз, хинду храмовите и плажите. Данокот ќе се наплатува директно на воздушните или поморските пристаништа од 1 јануари 2024 година. Туристите ќе мора да ја чуваат сметката и соодветната налепница додека не го напуштат островот.
-Со оваа политика сакаме да ја зголемиме свеста и одговорноста на странските туристи да учествуваат во заштитата на животната средина и културата на Бали“, рече Путу Астава, шеф на туристичкиот одбор.
Туристите неодамна станаа предмет на медиумски извештаи поради нивното недолично однесување, кое вклучува позирање без маица на светата планина Агунг и други свети места.
Гувернерот на провинцијата Вајан Костер најави строги мерки како одговор. Минатата недела тој рече дека има намера да го претвори Бали во дестинација за квалитетен туризам и остроумни гости кои ја почитуваат локалната култура.
Островот со околу 4,2 милиони луѓе имаше повеќе од 6,2 милиони странски туристи годишно пред пандемијата на коронавирус, но откако беа воведени ограничувања за патувања туристичката индустрија, која е клучен извор на приход за Бали, речиси целосно умре. По укинувањето на рестрикциите, приливот на туристи повторно се зголеми.