Во цената на билетот е вклучен и рачниот багаж, но голем проблем е што е многу мал и речиси е невозможно да спакуваме се што ни е потребно за тие неколку дена одмор.
Затоа мора да бидете практични, но и да се откажете од некои работи кои навистина не ви се потребни.
Денес, речиси сите авиокомпании воведоа опции кои ви овозможуваат да патувате само со рачен багаж и да заштедите време при пријавување, но и пари. За да носите повеќе багаж, потребно е да се изврши доплата, во зависност од правилата на самата авиокомпанија.
За да го искористите максимумот од просторот во рачниот багаж, следете ги овие совети за ефикасно пакување на рачниот багаж:
1. Изберете полесен куфер или уште подобро ранец бидејќи е пофлексибилен и може да собере повеќе работи.
2. Направете листа на работи кои ви се неопходни и без кои апсолутно не можете да патувате.
3. Купете шишиња за течности (за шампони и гелови) до 100 ml – ги има во секоја аптека. Нема да заземаат многу простор, а се ќе спакувате во согласност со прописите.
4. Искористете го просторот во куферот на најдобар начин – користете техники на диплење алишта.
5. Внимавајте на сместувањето и на целата содржина во сместувањето каде што ќе престојувате – дали имаат фен, крпи… да не носите такви работи туку да го искористите просторот во вашиот куфер за нешто повеќе важно.