Директорот на Институтот за астрономија при Руската академија на науките, професор Дмитриј Бисикало оцени дека е можно да постојат вонземни цивилизации, кои не сакаат да остварат контакт со нас.
– Мислам дека постојат вонземни развиени цивилизации слични на нашата. И тоа, веројатно се повеќе. Во 1960 година астрономот и астрофизичар Френк Дрејк од калифорнискиот Универзитет на Санта Круз изведе формула што овозможува да се пресмета бројот на вонземните цивилизации, со кои можеме да оствариме контакт. Според таа формула, тие се многубројни, изјави професорот.
Тој натаму истакнува дека главната причина зошто досега не сме виделе вонземјани е, тоа што тие не сакаат да ги видиме.
Бисикало наведе дека тоа можеби е поврзано со кусиот животен век кај нив.