Нејзината приказна е толку неверојатна што дефинитивно ќе бидете збунети! Додека го читате признанието на оваа девојка, ќе бидете запрепастени, малку бесни и зачудени што некој можел да и дозволи да помине половина од својот живот во една морбидна лажна реалност!
Невообичаен сплет на околности во кои се најде семејството на девојчето Керол Лу, влијаеше на тоа целиот живот да има заблуда за нејзиното потекло, па токму затоа реши да ја сподели својата животна приказна на социјалните мрежи.
Таа сними неколку видеа на ТикТок во кои откри дека девојчето за кое цел живот ја сметала за постара сестра е всушност нејзината мајка, додека нејзините родители се баба и дедо. На неколку видеа што биле прегледани повеќе од 3 милиони пати, Лу раскажала како нејзините родители многу работеле во текот на нејзиното детство, па за неа се грижеле нејзините постари браќа и сестри, но претежно сестра која е 16 години постара од неа, пишува „Унилад“ .
– Никогаш не сме биле богати, па кога сакав камера за мојот 13-ти роденден, моите родители ми рекоа дека ќе треба сама да ја заработам. Сестра ми го праша своето тогашно момче дали може да ми обезбеди работа на неговата фарма. Работев таму некое време, а потоа една вечер ми се јави, нејзиното, сега поранешно момче, и рече дека ќе ми открие една тајна што ќе ми го промени животот за 180 степени. Дури и пред да каже нешто, имав претчувство за тоа што тој ќе рече – мојата постара сестра е всушност мајка ми – рече Керол.
Во продолжение таа објаснува како нејзиното семејство живеело во Полска во 90-тите години на минатиот век, тогаш екстремно конзервативна земја, па нејзината баба и дедо ја криеле бременоста на нивната ќерка тинејџерка, со цел да ја заштитат од осудата на општеството.
Потоа, таа започна да поврзува некои работи од нејзиното детство што укажуваа дека оваа приказна е вистинита.
– Еднаш имавме лекарски преглед на училиште, а мене ме водеше вистинската мајка, за мене се уште постара сестра. Моето име и презиме беа напишани на моите документи, а нејзините беа напишани под името на родители. Кога ја прашав зошто, таа рече дека веројатно имало грешка – додава девојчето.
Керол решила некое време да го скрие знаењето од нејзините родители, бидејќи сакала да види колку долго таа ќе ја остави да живее во лага, но по неколку недели, таа и призна на својата сестра, односно нејзината мајка, дека знае сè. Иако таа тема, како што вели, сепак е чувствителна за семејството, тие одлучија да продолжат и да не дозволуваат тоа да влијае на нивната врска.
Лу многу бргу по објавувањето ги избриша видеата од ТикТок, каде веќе не се достапни, а причината е непозната.