Принцот Чарлс како наследник на британското кралство има на неколку членови кои му се на располагање 24 часа во денот, а Пол Бурел поранешен батлер на принцот Чарлс и принцезата Дајана изнесе во јавноста детали од тоа како се однесува престолонаследникот кон вработените.
Принцот, имено, има бизарни барања од неговата послуга во утринските часови. Послугата секое утро мора да ги пегла неговите пижами, но исто така и врвките за чевли. Чарлс бара приклучокот во неговата када да биде во одредена положба, а водата за капење да има точно определена температура.
Сепак, најбизарното барање се однесува на неговото миење на забите. Тој има еден слуга кој секое утро му става паста на четката за миење заби.
Чарлс, сепак, не секогаш се однесува како иден крал. Барел вели дека принцот често ги терал синовите Вилијам и Хари сами да го собираат ѓубрето кога оделе на излет во природа, дури и ако ѓубрето не било нивно.