четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Благајник запомнил податоци од 1.300 кредитни картички, па крадел од парите

Благајник запомнил податоци од 1.300 кредитни картички, па крадел од парите

Благајник од Токио користејќи го своето „фотографско паметење“, успеал да запомни податоци од кредитни картички на 1.300 купувачи, со цел – да краде од нивните пари.

Засега неидентификуваниот маж, работел скратено работно време во шопинг-центар. Бил фатен минатата седмица, откако со туѓа картичка преку интернет купил чанта вредна 2.600 долари, јави Си-Eн-Eн.

Човекот е в притвор и не се знае дали има ангажирано адвокат.