Сара од Илиноис објави фотографија од сметката од 693 долари, со која како бакшиш добила 2020 долари.
„Буквално се тресам“, напиша 21-годишната девојка покрај фотографијата на својот профил на Твитер.
i’m literally shaking pic.twitter.com/iSEIkC4gtF
— sarrah (@sriracha_sauced) December 29, 2020
Нејзиниот пост стана вирален, иако имало и такви кои се сомневаат во неговата автентичност.
Патем, ова е веројатно предизвикот # 2020tipchallenge, кој беше популаризиран од Дони Волберг, братот на актерот Марк Волберг, минатата Нова година, со кој познатите лица анонимно им подаруваат огромни бакшиши на угостителите.