петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Цел Балкан се смее: Бизарно видео на српски политичар и студентки

Цел Балкан се смее: Бизарно видео на српски политичар и студентки

Драган Марковиќ Палма е контроверзен српски политичар кој на сите можни начини се обидува да биде во центарот на вниманието. Овој лидер на политичка партија исто така е поранешен градоначалник на српскиот град Јагодина.

Марковиќ во Виена одвел дури 850 граѓани, меѓу кои најголем дел биле студенти, со цел да се запознаат со животот на Универзитетот во Виена. Откако ја посетиле австриската престолнина, тие од Виена се збогувале со забава, која „ескалираше“ со демонстрација на боречки вештини.

Имено, поранешниот градоначалник ги повика студентките да доаѓаат една по една и да го „напаѓаат“, додека тој „вешто“ ги избегнуваше ударите. Додека се одвиваше „драматичната“ сцена, во позадина се слуша песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.