Диригентот Михај Тангу доживеа неверојатен пех пред преполната сала кога среде сиригирање остана по гаќи бидејќи му паднаа панталоните.
Имено, во миланскиот „Teatro del Verme“, беше одржан концерт по повод обележувањето на годишнината на Народна република Кина.
Како на концертот му се ближеше крајот, така диригентот даде се’ од себе да го заврши како што доликува. Во еден момент толку се занесе, што остана по гаќи свртен со задникот кон публиката.
Оваа смешна ситуација ја забележаа и музичарите во оркестарот, кои за среќа не се занесоа до толку во смешната глетка, па успаеаја да отсвират како што треба.
Диригентот пак, без многу драма и паника, ги крена панталоните и продолжи да си ја врши работата.
Ooopsshttps://t.co/SLk0Ia5ocu di @repubblica
— Advisory Desk (@advdesk) October 21, 2019