вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Цели 53 години заборавал да ја врати книгата во библиотека: Сега го чека огромна казна, но ќе бидат задоволни и со ова

Цели 53 години заборавал да ја врати книгата во библиотека: Сега го чека огромна казна, но ќе бидат задоволни и со ова

Маж од Ирска пред точно 19.433 дена изнајмил книга од локалната библиотека и истата ја вратил дури вчера, со задоцнување од 53 години.

Од локалната библиотека на нивниот Твитер профил објавија фотографија од книгата која од кај нив била позајмена на 30 мај, 1965 година. Станува збор за примерок од „Отец Теобалд Метју“ од писателот Патрик Роџерс.

Од библиотеката пишаа дека казната за ова децениско доцнење изнесува 971,65 евра, но дека нема да прават проблем ако човекот плати и 950 евра.