петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Целиот свет се потсмеваше со нивните фотографии: Што се случува денеска со овој пар?

Целиот свет се потсмеваше со нивните фотографии: Што се случува денеска со овој пар?

Со децении важел за најголем плејбој – сега летува во сосема поразличен аранжман.

67-годишниот Флавио Бриаторе, италијански милионер, на 23-ти декември и официјално ставил точка на бракот со 37-годишната старлета Елизабета Грегорачи.

Двајцата биле заедно 11 години. Официјално кажале “да” во 2008-та година, а го добиле и синот Фалко во 2010-тата година.

Меѓутоа, сега ставиле точка на бракот иако, како што велат, ќе останат во добри односи. Двајцата ќе продолжат да живеат во Монте Карло, а Елизабета е таа која ќе ја промени адресата на живеење.

Сепак, од друга страна, со разводот Елизабета добила огромен пентхаус во Рим, додека Флавио ќе ја задржи куќата во Лондон.

И додека Елизабета ги лечи раните минувајќи ги празничните денови во Мајами, Флавио е со својот син во Кенија.

Нивните заеднички фотографии често биле предмет на потсмев на социјалните мрежи, а некои од нив биле опишувани со реченицата “Како да им објасниш на своите деца зошто мора да учат”.

Ни Флавио, ни Елизабета не делуваат посебно тажно на фотографиите, а и самиот Флавио вели дека му годи одморот од “плејбој животот” и дека ужива во семејниот одмор.

Флавио инаку е и биолошки татко на ќерката на Хајди Клум, 10-годишната Лени, но нема никаков контакт со неа откако и официјално во 2009-тата година ја посвоил Сил.