На секој хороскопски знак му се препишува по одредена особина која се смета доминантна, но покрај тоа влијание на вашиот карактер има и часот кога сте родени.
Од 00:00 до 02:00
Љубопитноста е главна особина на луѓето родени во овој временски период, но и се резервирани кон околината. Семејството им е во фокусот, а опуштени се само пред луѓе со кои добро се познаваат.
Од 02:00 до 04:00
Одлично се служат со зборови. Добри писатели и говорници се. Добри пријатели и љубители на патувањата.
Од 04:00 до 06:00
Родени лидери, храбри и тврдоглави. Не се предаваат лесно. Секогаш подготвени да помогнат.
Од 06:00 до 08:00
Креативности е одлика на овие луѓе. Итаат кон успех. Ги интересира што другите мислат за нив.
Од 08:00 до 10:00
Шармантни и не сакаат да бидат сами. Мислењето на околината не влијае кон нивниот внатрешен мир. Сакаат да помагаат и се вечни оптимисти.
Од 10:00 до 12:00
Полни со енергија, постојано во движење и амбициони. Комуникацијата им е силна страна. Одличен тимски играч.
Од 12:00 до 14:00
Одговорноста им е силна страна. Амбициозни, авантуристи и сакаат да бидат во центар на внимание.
Од 14:00 до 16:00
Храбри и снаодливи – родените во ова време ги имаат овие особини. Не сакаат монотоност, а физичката активност им е силна страна.
Од 16:00 до 18:00
Вечни оптимисти кои не се откажуваат додека не пронајдат најдобро решение за секоја ситуација. Ја ценат верноста.
Од 18:00 до 20:00
Сочувствителни и избегнуваат конфликти. Толерантни се и секогаш тежнеат да ги разберат другите и нивните постапки.
Од 20:00 до 22:00
Тие се одлични глумци. Перфекционисти, тешко простуваат грешки и свои и туѓи.
Од 22:00 до 00:00
Мистериозност и повлеченост се главни особини кај овие луѓе. Не се отвораат лесно.