сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Часовник на Хитлер продаден за четири милиони долари

Часовник на Хитлер продаден за четири милиони долари

Рачен часовник што му припаѓал на лидерот на нацистичка Германија, фирерот Адолф Хитлер, е продаден на наддавање во САД за четири милиони долари.

Предметот, според аукциската куќа за историски предмети, „Александер“, е произведен од швајцарската компанија за луксузни часовници „Л’култр“ (LeCoultre). Златното куќиште е украсено со амблемот на Третиот Рајх – сватиката, изгравирани иницијали на диктаторот и три значајни датуми за него – денот на раѓањето, победата на неговата Нацистичка партија на изборите и назначувањето за канцелар на Германија.

Се верува дека часовникот му бил даден на Хитлер од членови на Нацистичката партија во 1933 година. На 4 мај 1945 година, неколку дена по самоубиството на фирерот, часовникот бил одземен од францускиот наредник Робер Мињо за време на рацијата во неговата резиденција на Баварските Алпи.