Командантот на руската балтичка флота, адмирал Александар Носатов лично денеска и врачи награда на учесничката во воената парада на победата во Русија.
Имено на учесничката за време на парадата и се соблече и загуби чевелот, но наместо да направи застој таа продолжи да маршира, по што стана вистинска сензација низ целата земја и светот.
Поради нејзината храброст денеска таа добила благодарница, медал и букет цвеќе за својата снаодливост, пренесува РИА новости.
Фельдшер Ксения Кальчинская, потеряв туфельку, продолжала маршировать и не сбила строй.https://t.co/rVz7r5i1mL
— Anews (@anewsfeed) June 25, 2020
Ксенија Калчинској исто така е наградена за издржливоста и самоконтролата која ја покажала во текот на воената парада, не забележувајќи го тоа речиси од никого.
Инаку таа денеска стана вистински херој во Русија, а веќе четири години служи како медицинска сестра во штабот во една против пожарна единица.