сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Човечкото око ова никогаш не го видело- Научниците нашле начин да фотографираат црна дупка во галаксијата

Човечкото око ова никогаш не го видело- Научниците нашле начин да фотографираат црна дупка во галаксијата

Изгледот на црната дупка со децении ѝ бил познат само на нашата фантазија, но никогаш досега никој не успеал да ја фотографира.

Меѓутоа, научниците најавиле дека наредните неколку денови на повеќе прес-конференции ширум светот ја објавиле првата фотографија од црна дупка некогаш.

Поточно, објавиле фотографија од супермасивна црна дупка „Стрелец А“ која се наоѓа во срцето на нашата галаксија „Млечен пат“.

Најинтригантното прашање е како успеале да забележат црна дупка ако црните се невидливи за нашите телескопши. Токму затоа се претпоставува дека всушност се гледа хоризонтална претстава на оваа појава, односно ивица на црната дупка така наречена „хоризонт на случувањето“ од каде не може да излезе светлина.

-Со оваа коорперативна техника можеме да постигнеме создавање на слики со многу подобра резолуција отколку што може еден телескоп да постигне. Високата резолуција е клучна за детектирање на црната дупка, која покрај тоа што е 30 пати поголема од Сонцето, сепак е многу оддалечена. Се наоѓа на 26.000 светлосни години од Земјата – објаснуваат научниците.