Селаните ги воочиле слоновите на нивните полиња како им ги јадат посевите па одлучиле да ги избркаат.
Еден од нив зел стап и почнал да го удира слонот. Но, наместо да го избрка како што планирал, слонот се завртел и почнал да трча по него.
-Очевидецот раскажал дека мажот бегал од слонот сè додека случајно не скокнал во некоја дупка и ползејќи избегал од лутото животно, пишуваат од „Daily Mail“.
Експерт за диви животни, Субхенд Малик, рекол дека луѓето не треба да им се приближуваат на слоновите затоа што често не се свесни за нивната брзина и ги потценуваат мислејќи дека поради нивната тежина тие споро се движат, но всушносст не е така.