среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Чудни ознаки на раскрсница во француски град станаа хит на социјалните мрежи

Чудни ознаки на раскрсница во француски град станаа хит на социјалните мрежи

Еден мал град во западна Франција стана вирален бидејќи означи сообраќајна раскрсница со преклопени бели линии за да ги збуни возачите и да ги принуди да ја намалат брзината.

Во градот Бауне живеат само околу 1.700 луѓе, но секој ден се соочуваат со активен сообраќај, бидејќи се наоѓа на раскрсница на два департменти- Д74 и Д82.

Низ ова гратче дневно минуваат околу 2.300 возачи, а некои од нив возат со брзина од над 100 километри на час, без разлика што ограничувањето е само 30 километри на час.

Со цел да ги принудат возачите да ја намалат брзината, локалните власти излегоа со збунувачки ознаки на патиштата во форма на линии кои се преклопуваат. Интересно, но оваа стратегија се исплатела.

Фотографиите од бизарните знаци на фреквентната раскрсница Бауне станаа вирални на француските социјални мрежи.