Ентони Лофредо од Франција, кој радикално го преобрази своето тело, сакајќи да биде „црн вонземјанин“, сега се соочува со нови проблеми – тој не може да најде работа бидејќи луѓето го осудуваат…
– Не можам да најдам работа, има многу негативност. Секој ден е борба, бидејќи постојано се среќавам со луѓе кои не ме разбираат и ме осудуваат. Тоа е животот – не секој разбира сè. И јас не разбирам многу работи поврзани со другите луѓе, рече тој во интернет емисијата „Клуб 113“.
View this post on Instagram
Заради својата цел, Французинот извадил дел од носот, како и горната усна, го пресекол јазикот, целото тело го има покриено со тетоважи и многу други потфати, со коишто привлече мноштво негативни коментари и на својот интернет-простор… Нарекувајќи го своето патување – „Проект Црн вонземјанин“. Сите хируршки зафати ги правел во Шпанија, бидејќи, во неговата родна Франција, тие се нелегални.
– Не може за никого да судите. Не знаете што има во нечија глава и зошто некој го прави тоа што го прави. Клучот е во разговорот!, додаде тој.
Тој притоа истакна дека се смета за нормална личност и сака луѓето да го разберат тоа.