вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали е ова најпрекрасниот автопат на светот?

Дали е ова најпрекрасниот автопат на светот?

Кина е земја со многу убави локации и прекрасни патишта. Но, автопатот Хепу-Напо, кој минува низ југозападниот регион Гуангкси, е навистина посебен.

Бетонската конструкција претставува силен контраст со густите шуми и ридови кои ја опкружуваат и создава прекрасна сцена на која само малкумина можат да и одолеат.

Згора на тоа, светските медиуми го прогласија автопатот С60 кој се наоѓа во близина на границата со Виетнам за еден од најубавите во светот.

Иако често изгледа празно на снимките од воздух, тој е изграден имајќи ја предвид иднината. Најнаселената земја во светот има 1,4 милијарди жители, од кои четириесет проценти живеат во рурални области.

Погледнете ја нашата фотогалерија и неколку прекрасни фотографии од Кина кои ќе ви го одземат здивот.