Секоја шише парфем содржи одредена концентрација мирис. Не е исто дали бирате парфем или тоалетна вода.
Во принцип, тоалетните води имаат помала концентрација, најслаб мирис и постојаност, но пак се со подостапна цена.
Парфемите се најдолготрајни, со висока концентрација, но и цената им е висока.
Еве што значат ознаките на шишињата парфем:
Eau de Cologne: Концентрација — 2%—4%, трае околу 2 часа
Eau de Toilette: Концентрација — 5%—15%, трае до 4 часа
Eau de Parfum: Концентрација — 15%—20%, трае до 5–6 часа
Parfum: Концентрација — 20%—30%, трае до 10 часа