петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали играте погрешно цело време? Две правила во Монополот воопшто не постојат, а сите мислат дека ги има

Дали играте погрешно цело време? Две правила во Монополот воопшто не постојат, а сите мислат дека ги има

Монопол е една од популарните игри, но се чини дека многумина ја играат погрешно. Играта не треба да трае со часови, но сепак некои правила кои не постојат се популаризирани.

Бесплатен паркинг

Погрешно сте ја играле играта ако некој од играчите застанал на полето „бесплатен паркинг“ и ги освоил сите пари од средината. Според креаторите на оваа игра, тоа правило не постои. Освен тоа, тој куп пари во центарот не треба ни да постои!

Креаторите наведуваат дека тоа воопшто не е поентата на играта. Покрај тоа, неочекувано голема сума пари значи дека играта ќе трае бесконечно, а целта на играта е сите играчи, освен победникот, да банкротираат.

Како да се купи имот?

Многу луѓе погрешно купуваат улици/градови и имоти, пишува Tips and tricks. Најголем дел од луѓето ја играат играта на начин што купуваат картичка или недвижен имот само кога ќе застанат на полето. Ако немаат доволно пари да го купат тоа поле, тогаш следниот играч може да го купи.

Но, тоа не е правилно. Еве како навистина треба да се игра: кога некој ќе застане на одредено поле, банката го става на аукција. Понудувачот може да го купи теренот. Како што можете да замислите, играта потоа оди многу побрзо, а играчите треба да размислуваат тактички.