вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали некогаш сте виделе був како трча? (ВИДЕО)

Дали некогаш сте виделе був како трча? (ВИДЕО)

Дали сте виделе був како трча? Доколку одговорот е не, ова а вашата можност.

На Твитер е објавено видео од був кое трча во куќа. Ги крева крилата во воздух и скока од нога на нога. Видеото е прегледано 263.000 пати во еден ден.

Многу корисници на таа социјална мрежа никогаш не виделе був во вакво издание па останале изненадени. Попатно се нижеле и коментари на сметка на неговото трчање.

„Поради ова ќе имам кошмари“, „Преслатко“, „Никогаш не мислев дека ќе видам був како трча. Благодарам“, „Мене ова повеќе ми личи на искрадување“, „Како крадец навечер“, гласат некои од коментарите.

Некои бувот го споредиле со видео од човек кој трча по пустина, но и со Фиби од серијата “Пријатели”.