сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали некој кој не е пилот би можел да приземји патнички авион?

Дали некој кој не е пилот би можел да приземји патнички авион?

Сите сме гледале филмови во кои ги киднапираат пилотите, па обично се наоѓа еден ентузијаст кој успева сам да го приземји авионот. Колку тоа може да биде тешко? Ако ги прашате професионалните пилоти: многу тешко.

Пилот на Дримлајнер открива дека приземјувањето на авион е многу тешка работа.

-Поголемиот број луѓе не би знаеле како да го вклучат радиото и да разговараат со некој на земја. Авионскиот персонал не е обучен да го користи радиото, па ниту тие не би биле корисни. Од друга страна, немате ниту неограчена количина гориво, па додека да се обУчите нема да стигнете да слетате според распоредот, па не би имале доволно гориво. Контролорите на летови не се пилоти. Поголемиот дел од нив ги разбираат само основните факти на леталото, но немаат поим за нивното управување. Според сценаријата од филмовите, по кратки постапки на врска би морал да се донесе инструктор за летање. А за тоа би требало многу време. А времето е гориво кога летате. Ако би требало да го репрограмирате FMGC (Flight management & guidance computer) за да одите на алтернативен аеродром и направите најмала грешка во внесувањето на податоците, нема шанси тоа некој на земјата да го види. Ако ненамерно го дисконектирате автопилотот, повторно никој на земјата не би го знаел тоа. Додека тие да сфатат, вие би биле во многу опасна ситуација.

Пилотот Анас Маз, кој управува со мали авиони, објаснува зошто и нему би му било предизвик да приземји голем патнички авион.

-Имам скоро 1.500 часови летање на моделот Dash 8s. Неверојатно моќно летало за својата големина. Во школата за летање користев Cessna 150 и тоа е примарниот авион со кој летав, а тренирав и на моделот Piper Seneca 2 и покрај тоа не можам да гарантирам дека успешно би приземјил А320 или Б737. Исто така, пилотите кои управуваат големи авиони не би можеле така лесно да управуваат со мал. Слушнав една приказна за еден пилот кој срушил Dash 8, веднаш штом влегол во него. Слетал многу грубо, па го искршил едното тркало. Секое летало е различно, објаснува Маз.

Заклучокот е дека никој кој нема летачко искуство не би можел да приземји патнички авион. Она што го гледаме на екраните сепак е само филм.