четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали секогаш се будите во исто време во текот на ноќта? Најлошо е помеѓу 3 и 5, а еве што може да значи тоа

Дали секогаш се будите во исто време во текот на ноќта? Најлошо е помеѓу 3 и 5, а еве што може да значи тоа

Дали некогаш сте се запрашале зошто навечер се будите во исто време?

Поединечното или повтореното будење во 3 часот наутро, на прв поглед може да ви изгледа безопасно, но ако тоа продолжи постојано, еве што значи.

Добри вести: ова не е случајна појава и може да даде јасна слика за тоа што се случува со вашето тело, ум и живот.

1 час по полноќ

Физички симптоми: Проблеми со циркулацијата, срцето или жолчката.

Психички симптоми: Не можете да го најдете своето место во животот или се чувствувате несигурно, не знаете како да направите чекор напред и се борите со проблеми што се поврзани со вашиот изглед или тежина.

Духовни симптоми: Ви треба нов извор на енергија. Давате повеќе одошто добивате за возврат, а тоа доведува до премореност. Не знаете како самите да се усреќите, па тоа го барате од други луѓе.

2 часа по полноќ

Физички симптоми: Проблеми со дигестијата, поврзани со функцијата на цревата или црниот дроб. Можеби премногу јадете.

Психички симптоми: Будењето во оваа доба по правило е поврзано со енергетски „џебови“. Често имате проблем со пад на енергијата и ненадеен скок, поради што чувствувате дека можете се’.

Духовни симптоми: Ослободете се од стравовите или идеите за себе што не се реални. Одново научете ја лекцијата што животот ви ја сервира.

3 часа по полноќ

Физички симптоми: Проблеми со белите дробови, како што се неспособноста за земање длабок здив и опуштање.

Психички симптоми: Ви треба совет за изборот на животниот правец. Се будите во часот на вештерките, бидејќи умот самиот бара начин да дознае каде да тргне.

Духовни симптоми: Ако се будите во оваа доба, можно е починатите лица да се обидуваат да контактираат со вас. Важно е да ги запишете сите мисли и идеи што ви се случиле во овој период од ноќта.

4 часа по полноќ

Физички симптоми: Проблем со мочниот меур или потење. Ова е време кога вашата телесна температура е најниска, па можеби ви е ладно.

Психички симптоми: Можно е постојано да се премислувате во животот. Научете да им верувате на луѓето. Отфрлете ги сомнежите од животот.

Духовни симптоми: Минувате низ период на успех, го менувате својот живот. Влегувате во нова животна фаза.

5 часот наутро

Физички симптоми: Проблеми со цревата, исхраната…

Психички симптоми: Не верувате дека заслужувате љубов. Самокритични сте.

Духовни симптоми: Мора да си дозволите себеси да почувствувате радост. Не размислувајте ниту за минатото ниту за иднината. Фокусирајте се на сегашноста.

Недостигот на сон помеѓу 3 и 5 часот наутро може да укажува на духовно будење.

Останати симптоми:

Минувате низ големи животни промени.
Силните емоции ве кршат.
Се сомневате во себе и во тоа дали сте доволно добри.
Не разбирате што се случува околу вас.
Понекогаш сте дезориентирани.
Имате желба да се изолирате од другите.
Секако дека будењето среде ноќ може да биде предизвикани и од други причини, на пример: деструктивни врски, депресија, проблеми од финансиска природа, семејни проблеми и слично.

Најважно е да си верувате себеси. Одговорот на секој ваш проблем е во вас, само мора внимателно да размислите.