петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ДАЛИ ВАШИТЕ НОЗЕ И РАЦЕ ЧЕСТО СЕ ЛАДНИ? Тоа може да биде СИМПТОМ на оваа БОЛЕСТ

ДАЛИ ВАШИТЕ НОЗЕ И РАЦЕ ЧЕСТО СЕ ЛАДНИ? Тоа може да биде СИМПТОМ на оваа БОЛЕСТ

До чувство на студенило на екстремитетите доаѓа поради процесот со кој организамот ја одржува температурата на виталните органи. Меѓутоа, ако рацете и стапалата ви се често пати ладни, тоа може да укажува на здравствени проблеми.

Анемија

Доколку освен ладни раце чуствувате и некои други симптоми како замор, главоболка и малаксаност, проверете го нивото на железо во крвта. Тоа е главната состојка на хемоглобин, молекулата која пренесува кислород во крвта и и дава црвена боја.

Дијабетес

Студенилото, како и пецкање во дланките и стапалата можат да бидет први знаци на дијабетес. Тој остава последици на крвотокот, како и нервниот систем, па често е пратен со вакви појави, Често сте жедни, јадете многу, а не се дебелеете или не слабеете, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.

Тироидна жлезда

Хипотиреоидизам или забавена работа на тироидната жлезда, доведува до забавување на метаболизмот, а често е пропратено со ладни екстремитети или чуство на студенило. Замор, летаргија, поспаност, забавен говор и движење, како и неподнесување на високи температури се јасни симптоми на ова пореметување.

Стрес

Стресот исто така може да биде причинител на ладни раце и нозе. Тој го зголемува адреналинот, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги стеснува крвните садови, па циркулацијата е слаба, а рацете и нозете се ладни.