четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали знаете КАКО да издржите цел ден во високи потпетици: Овие трикови помагаат, а на вашите нозе нема да има ПЛУСКАВЦИ

Дали знаете КАКО да издржите цел ден во високи потпетици: Овие трикови помагаат, а на вашите нозе нема да има ПЛУСКАВЦИ

Како да се носат чевли со високи потпетици , а да се избегнат непријатностите и болката во нозете, е еден од клучните проблеми на жените кога станува збор за модата.

Се вели дека жената за убавина и елеганција треба малку да ги стисне забите и да издржи. На овие зборови со кои сите нема да се согласат , веројатно и самите се потсетувате, секој пат кога вашите омилени високи потпетици ви направиле пликови на стапалата, а тоа е болно или сте трпеле неподнослива болка.

Но, сигурно веќе сте дознале за силиконските влошки за чевли со високи потпетици кои се доста корисни. Изработени од силиконски гел, се ставаат во предниот дел на чевлите со цел ногата да не се лизна напред и да се избегне појавата на болни стапала и формирањето на меури. Вие исто така може да ги испрскате и стапалата со сув шампон за да го избегнете лизгањето нанапред.

Но, тука ви предлагаме нешто друго …

На вашите проблеми им дојде крајот, бидејќи решението постои !

Тоа е трик за кој ви е потребен медицински завој или лента.

Залепете или спојте ги третиот и четвртиот прст (ако сметате од палецот) со медицинска лента или медицински селотејп и подготвени сте за одење!

Зошто тоа функционира?

Овој трик е заснован на медицинска теорија – помеѓу овие два прста се наоѓа нервот кој ги предизвикува болките во нозете.

Кога прстите ќе се спојат , притисок врз тој нерв е помал, а како резултата на тоа полесна е и адаптацијата на високи потпетици.

Се разбира, овој трик не треба да го применувате, доколку носите отворени чевли и внимавајте, да не ги стегнете прстите премногу цврсто!