среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали знаете што значи црвената, сината и белата боја на пастата за заби? Секоја од нив има ЦЕЛ, а еве од ШТО СЕ СЕ СОСТОИ

Дали знаете што значи црвената, сината и белата боја на пастата за заби? Секоја од нив има ЦЕЛ, а еве од ШТО СЕ СЕ СОСТОИ

Еве што се крие зад овие бои на пастата за заби!

Денес на пазарот има безброј пасти за заби – од обични бели, до црни (јаглен) и шарени… Но, една боја на паста за заби остана во сеќавањето на многумина. Поточно, повеќе. Во прашање се црвената, сината и белата.

А дали знаевте дека секоја боја на паста за заби има посебно значење или подобро кажано се состои од посебна состојка која помага во здравата дентална хигиена?

На пример, белиот дел од пастата за заби содржи супстанции кои го отстрануваат плакот и како резултат на тоа ги избелуваат забите. Црвената линија на пастата обично содржи витални елементи за правилна нега на непцата, а синиот дел содржи антимикробни компоненти и компоненти за освежување на здивот. Ваквиот изглед на пастата не е неопходен и не сите пасти се со иста боја, туку секоја ги содржи потребните состојки за одржување на здравјето на забите и непцата.

Главните состојки на пастата се:

абразивни средства (25-60%)

конституенси (20-40%)

вода (15-50%)

боја (до 3%)

детергентни материи (до 2%)

врзивни средства (до 2%)

ароматични материи (до 1,5%)

конзерванси

стабилизатори

слатки материи

профилактички агенси (како флуор)

лековити материи