вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали знаете зошто ромите го слават Ѓурѓовден – ова мора да го прочитате, еве зошто е посебен овој празник за нив

Дали знаете зошто ромите го слават Ѓурѓовден – ова мора да го прочитате, еве зошто е посебен овој празник за нив

Со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна поговорка се вели: “Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден”. На овој ден се избираат селски одборници, овчари, козари, говедари итн. Многубројните и разновидни обичаи што се изведуваат на Ѓурѓовден, како што се песните што го опеваат разбудувањето на природата и радоста поради враќањето на животот по зимскиот пасивен период упатуваат на сознанието дека Ѓурѓовден е сточарски и земјоделски празник за нив, а христијаните веруваат во легендата дека Свети Георгиј е небесен клучар кој ги контролира небесните и земните природни појави што влијаат да биде топло летото и да биде богат бериќетот. Исто така се празнува и со жртвување јагне. Ѓурѓовден е верски празник кој се празнува на 6ти мај по стар стил или 23ти април по нов стил, односно приближно 40 дена по пролетната рамноденица.

Новите генерации се тие кои одлучуваат за негувањето на традицијата и имаат право на мислење и избор на сопствен животен стил и верување. Празникот се слави години наназад, а денес некои го слават знаејќи го значењето како верски празник, а некои не го слават воопшто.

Па така, постои општо прифатено мислење дека Ромите како весел и мирољубив народ имаат децениска традиција да го слават празникот. Овој празник се слави „повеќе“ кај Ромите кои имаат различни традиции и обичаи поврзани со овој празник, во споредба со тоа што се празнува кај Македонците.

Како традиционален празник Херделез (Ѓурѓовден) е прифатен и негуван од страна на Ромите кои го прославуваат заминувањето на зимата и доаѓањето на нивното омилено годишно време-летото.

Во минатото, традиција било претходно да ги чистат и бојадисуваат своите куќи во разни бои. Купувањето на нова облека и обувки за да бидат променети како што се променува природата е симбол на празникот, а тоа се надополнува со собирање на зелени гранки од топола и разни пролетни цветови со кои се китат куќите, а бањањето на своите деца пред празникот е практика која е останата од минатото, како верување за да им бидат здрави како природата и високи како топола.

Празнувањето е пропратено и се одбележува со жртвување јагне, посета на роднините и пријателите, со многу музика и богата трпеза. Главните обележја на овој празник кај Ромите се животните вредности: љубовта, среќата, задоволството, складот и мирот, затоа што тоа се универзалните принципи и никој нема над нив авторски права.

Во контекст на Ѓурѓовден, постои традиционална народна песна на Ромското малцинство на Балканот, песна која го добила името по Пролетниот фестивал, со кој се слави враќањето на пролетта. Во продолжение, песната Едерлези од Горан Бреговиќ, Емир Кустурица:

Извор:Инфокомпас