Медиумите во Венецуела објавуваат дека 79-годишен маж, чиј идентитет не е објавен, ги известил лекарите дека крадците му ставиле шише во анусот.
Како што објаснил, тројца мажи упаднале во неговиот дом во Пало Негро во централна Венецуела. Кога крадците сфатиле дека нема скапоцености, збеснале и одлучиле да му предизвикаат проблем на дедото.
Пациентот бил примен во болницата Ла Овалера со силни болки, а рендгенските снимки кратко време по приемот покажале дека шишето влегло во анусниот отвор од грлото до дното.
По дијагнозата, пациентот бил префрлен во централна болница, подобро подготвена за вакви тешки случаи. Не се знае дали ќе биде покрената полициска истрага.
Дедото бил веднаш пример на операција, бидејќи шишето било предалеку ставено. Како што објаснуваат докторите, ако страни тела се сместени во ректумот и се доволно блиску до анусот може рачно да се отстранат. Но, не секогаш што било и во овој случај. Лекарите биле принудени да извршат целосна операција и да го извадат предметот.