Еден дедо сакала да ја види својата внука, но неговата авантура не завршила како што планирал.
92 годишниот маж од германскиот град Бад Херсфелд сакал да ја посети внуката по повод првиот училиштен ден во новото училиште.
Пред пат во навигацијата ја впишал нејзината адреса, но не забележал дека направил грешка. Адресата која ја внел била погрешна, па тој тргнал во друг правец и го погрешил патот за околу 500 километри.
Наместо на југ, тој тргнал на север и така завршил на брегот на Балтичкото море. Претходно му пукнала гумата, па морал да запре и за отседне во пансион.
Во меѓувреме неговиот син тргнал во потрага по својот татко, за што ја информирал полицијата.
Набрзо го смирила сопственичката на пансионот која го контактирала и му рекла дека дедото одмора во една од нејзините соби. Синот следниот ден дошол по својот татко и го вратил дома.