среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Десет одлични начини како да ја искористите сода бикарбоната

Десет одлични начини како да ја искористите сода бикарбоната

Покрај основната употреба, сода бикарбоната може да биде многу корисна. Може да направите многу производи за нега во домашни услови.

Средство за чистење на лицето

Кога ќе измешате сода бикарбона и вода во однос 3:1, ќе добиете одлично средство за чистење на лицето

Направете природен дезодоранс

Едно од најпознатите средства во борбата против непријатната миризба под пазувите е сода бикарбона. Премачкајте ги пазувите со сода бикарбона и вода за да спречите непријатен мирис.

Сипете вообичаена количина шампон во дланката и додајте сода бикарбона за длабински да ја измиете косата.

Ги смирува изгорениците од сонце

На мокра крпа додајте раствор од 4 лажици сода бикарбона и вода и нежно поминете по изгорениците.

За избелување на заби

Сода бикарбоната е одлично средство за избелување на забите.

Пилинг за тело

Може да направите пилинг за тело со малку сода бикарбона и 15 капки есенцијално масло по ваш избор.

Нежни раце

Измешајте сода бикарбона со течен сапун доколку сакате мазна кожа.

Средство за чистење на стапала

Во вообичаената купка за стапала додајте 3 лажици сода бикарбона, а потоа исчистете ги стапалата.

Ги смирува местата од убод на комарци

Направете паста од сода бикарбона и вода за да ја смирите иритацијата на кожата.

Доколку сакате природно средство за плакнење на устата, ставете 1 лажичка сода во мала чаша со вода.