понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дете испрати писмо и ги воодушеви вработените во авиокомпанијата

Дете испрати писмо и ги воодушеви вработените во авиокомпанијата

Желбата на едно деветгодишен патник е да лета во бизнис класата. За да исполни својата желба тој пратил писмо до компанијата Џетстар.

-Моето името е Џаспер Франсис, имам девет години и живеам еден час од Мелбурн. Само се прашував дали е дозволени децата сами да летаат во бизнис класта. Чувам пари за да можам да летам со Боинг 787 Дримланер, пишува дететот во писмото, додавајќи дека досега заштедил 85 долари, па прашува уште колку пари му се потребни.

Писмото, со цртеж на авион е пратено до авиокомпанијата. Вработените откако го добиле писмото и го прочитале, толку биле воодушевени што ваучерите од 50 долари, кои од компанијата ги добиле за Велигден, одлучиле да му ги поклонат на Џаспер.

 

Тој и неговиот татко ќе летаат со бизнис класа ова лето, кога планирале да одат во Бангкок, а детето на повик од компанијата, го обиколи авионот со кој сака да лета.

Во таа прилика го запозна екипажот, го посети кокпитот и имаше привилегија да седи на местото на пилотот, што, како што се надева, ќе биде негова професија.