Скршените родители, чии две деца загинаа во сообраќајна несреќа, срцето до крај им се скршило кога после неколку месеци пронашле белешка од постарата ќерка во нејзина школска тетратка.
9 годишната Бруклин Њувил и нејзиниот помал брат 5 годишниот Џејс, се возеле со бабата и братучедот, кога се случила страшна сообраќајка во 2017 година. Децата загинале на лице мсто додека бабата починала во болница.
TONIGHT: Jace and Brookie Newville were in the car with their grandmother on the Turner Turnpike when a teen who was allegedly texting ran into them. They didn’t survive. The children’s parents are now hoping Brookie’s spirit lives on after finding her bucket list. @kfor pic.twitter.com/vQ6YKrDbxq
— Jessica Bruno (@JbrunoKFOR) October 24, 2017
Седум месеци по трагедијата која им ги уништила животите, несреќните родители Шани и Брајан пронашле список од желби на нивната непрежалена ќерка. Сите свои планови и соништа за иднината, малечката своерачно ги бележала во облик на попис во една од ученичките тетратки.
Емотивното писание насловен „Пописот на желби на Бруки“ е полн со планови како што се: да оди да нурка, да се вози со чамец, да види лос и да вози брод без ничија помош. Се тоа се работи кои не стигнала да ги направи затоа што младиот живот прерано бил загаснат.
Крив е тинејџер
Во чест на своите деца, родителите во следните неколку години ќе ги исполнат сите желби кои малата Бруклин ги навела во тетратката. Исто така, покренале капмања која е наречена „Put It Down“, со која шират важна порака за опасностите на користење на мобилниот во возењето.
-Не е вредно ничиј живот, болката и патењето која ја проживуваме затоа што ти си морал на две секунди да погледнеш во телефонот, кажал таткото Брајан. Тинејџерот кој е виновен за сообраќајната незгода, осуден е за три убиства без предумисла, пренесуваат локалните медиуми.