недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Девојка (14) заспала и се разбудила по 32 години: Доживеала длабока старост, нејзините потомци сега ја откриле шокантната вистина

Девојка (14) заспала и се разбудила по 32 години: Доживеала длабока старост, нејзините потомци сега ја откриле шокантната вистина

Неверојатен случај се случил во далечната 1875 година на тогаш четиринаесетгодишна Каролина Олсон од Шведска, која нејзините познаници и градот во кој живеела во 19 век и го нарекле „заспаната убавица“.

Малата Каролина се вратила дома откако играла надвор и легнала на креветот да се одмори. Таа се пожалила на болка во забот, а на татко и му рекла дека додека го поминувала замрзнатото езеро паднала на ледот и малку ја повредила главата. Испила нешто што и дала мајка и за да го смири воспалението. Потоа заспала.

Нејзината мајка ја затекнала како сè уште спие и вечерта, но мислела дека е поуморна од вообичаено и ништо повеќе. Меѓутоа, кога забележала дека ниту утрото не се разбудила, испаничила.

Мајката на Каролина повикала доктор, кој рекол дека детето е живо и здраво, но очигледно премногу изморено. Ниту тој не знаел што и се случува. Кога таа не се разбудила ниту следната вечер, целиот град се прашувал што се случува.

Каролина спиела. Спиела една година, а потоа една деценија. Светот се менувал, како и нејзината околина, но таа не можела да види ништо.

Поминале цели 32 години откако Каролина Олсон на 46-годишна возраст повторно ги отворила очите! Во меѓувреме, нејзината мајка починала во 1905 година, оставајќи и како задача на куќната помошничка да се грижи за Каролина.

Жената многу се изненадила кога видела дека Каролина се буди. Ниту останатите домаќини не можеле да поверуваат дека 46-годишното „дете“ е будно.

Каролина си дошла на себе во следните денови, не сфаќајќи како спиела поголемиот дел од животот. Живеела уште 42 години. Сакајќи да го доживее животот и се што пропуштила, таа решила да не се фрижи за ништо, дури не се ни разболела.

Една година по нејзиното будење, таа добила ќерка, а подоцна и три внуци.  Починала на 88 години – во сон.

Поминато е многу време од 1949 година, па дури и Швеѓаните го заборавиле случајот со Каролина Олсон. Меѓутоа, пред неколку недели еден од потомците на нејзиното семејство изјавил што всушност се случило со несреќната девојка која ги преспала најубавите години од животот.

-Никогаш не добивме официјален извештај за нејзината состојба во тоа време, но според документите што ги најдовме во архивата дојдовме до заклучок дека тогашните лекари сепак ја третирале нејзината состојба како да е кома. Таа беше во кома. Нејзиното паѓање на езерото и удирањето на главата во мраз го поврзале со потрес на мозокот кој очигледно не се случил веднаш, туку кога заспала, рекол Јоханес Јохансон, правнук на Каролина.

Сепак, ниту тој не можел да даде одговор на прашањето зошто Каролина спиела дури 32 години.