петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дилање на дрога во живо на вести: Наместо снежната бура сите гледачи се шокираа од оваа глетка пред камерите

Вклучувањето на ТВ репортерот на Фокс телевизија од градот Вустер во државата Масачусетс беше многу важно за сите граѓани на таа област која ја погоди силна снежна бура.
Дилање на дрога во живо на вести: Наместо снежната бура сите гледачи се шокираа од оваа глетка пред камерите

Сите очи беа вперени во него за да слушнат што се случува во градот кој е парализиран и каде повеќето установи не работат.

Меѓутоа наместо на главната информација, вниманието на публиката одеднаш се насочи на две момчиња кои се сретнаа зад грбот на новинарот и набрзина нешто разменија.

Одредени лица се пошегуваат дека момчињата разменувале рецепти за колачи, додека повеќето гледачи на социјалните мрежи се сложија дека тоа најверојатно е најгледаното дилање на дрога на сите времиња.