недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Дизни“ го претстави новиот робот „Грот” за во тематските паркови (ВИДЕО)

„Дизни“ го претстави новиот робот „Грот” за во тематските паркови (ВИДЕО)

Компанијата „Дизни“ го претстави новиот робот којшто наскоро ќе се појави во тематските паркови. Новиот лик е всушност верзија на бебето Грот од приказната „Чувари на галаксијата“, а на видеото се гледа како роботот зборува, танцува и покажува чувства…

„Ние сме компанија која раскажува приказни, па сакаме да ги оживееме ликовите на најверодостоен можен начин. За нас тоа овојпат значи – роботизиран лик кој се движи, оди, гестикулира и ‘чувствува’… Сакаме нашите гости да бидат возбудени – и возрасните и децата. Одлично е да се види дека тие разбираат колку е ова уникатно и забавно“, соопшти „Дизни“.

Роботот засега е во фаза на тестирање, а не се знае точно кога ќе пристигне во парковите на „Дизни“ ширум светот. Компанијата од светот на забавата тестира и други слични роботи.