Сонот е важен дел од животот на секој поединец и е клучен за нормално функционирање на мозокот и целиот организам. Поголемиот дел од луѓето поминуваат третина од денот спиејќи, а многумина меѓу нив спијат со чорапи.
Според податоците на американскиот Национален институт за здравство, спиењето во чорапи е добро.
Имено, телото благодарение на тоа успева да воспостави правилна телесна терморегулација и на тој начин се воспоставува и ред во функционирањето на мозокот и организмот.
Спиењето во чорапи е корисно и поради тоа што ни помага побргу да заспиеме и во 4 часот наутро, во време кога температурата е најниска, да му обезбедиме на организмот доволно количина топлина.
Загревањето на нозете и рацете влијае и на проширувањето на крвните садови.
„Греењето на ладните стапала предизвикува ширење на крвните садови, а тоа е порака за мозокот дека е време за спиење. Бидејќи крвните садови се шират на рацете и нозете, топлината рамномерно се распоредува низ телото и го подготвува за спиење“, тврдат од Националниот институт за здравство.