четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Доколку денес ќе ги бојадисувате јајцата овие трикови ќе ви го олеснат тоа – еве го најлесниот начин до совршени велигденски јајца

Доколку денес ќе ги бојадисувате јајцата овие трикови ќе ви го олеснат тоа – еве го најлесниот начин до совршени велигденски јајца

Многумина луѓе денеска се одлучуваат да ги бојадисаат велигденските јајца.

Она со што се соочуваат повеќето луѓе пред бојадисувањето, е пукањето на јајцата, а тоа оневозможува тие да бидат бојадисани.

Затоа е важно пред да ги сварите да знаете дека тенџерето не треба да го „пренатрупате“ со јајца. Иако некои луѓе тоа често го прават за да заштедат време, ваквиот чекор всушност може да го отежни самиот процес.

Внимавајте на температурата

Она што е посебно важно е јајцата да не ги варите на највисока температура, туку на средна.

Свежите јајца помалку пукаат

Свежината на јајцата е лесно да ја одредите. Ставете едно јајце во чаша со вода. Доколку потоне, значи дека е свежо.

Оставете да се оладат пред бојадисувањето и украсувањето

Кога водата ќе почне да врие исклучете го шпоретот. Тргнете ги јајцата од оган три минути откако ќе ја исклучите ринглата. Потоа полека ставете ги во чинија со ладна вода, во која претходно сте ставиле една лажичка сол.