понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Донеле дома зајак, а реакцијата на нивната мачка е пресмешна (ВИДЕО)

Донеле дома зајак, а реакцијата на нивната мачка е пресмешна (ВИДЕО)

Едно семејство за домашен миленик има мачка, но посакало да има и зајак. Тие не знаеле како нивната мачка ќе реагира на новиот член на семејството, но добро се насмеале откако го донеле зајакот дома.

„Помисливме – нема шанси, не можеме да имаме и мачка и зајак. Но, го донесовме зајакот дома и се обидовме да ги спријателиме. Мачката прво само гледаше во зајакот како да мисли ’какво е ова животно‘“, рекла жената во видеото објавено на ТикТок профилот „The Dodo“.

Мачката била изненадена од слаткото животно кое скока низ домот. Не знаела како да се однесува во присуство на зајакот. Секогаш кога ќе се приближел, мачката скокала и бегала.

Но, кратко по првиот шок, мачката и зајакот станале најдобри пријатели.

@thedodo Their cat had no idea how to deal 😂 #cats #bunnies #animalsoftiktok #animals ♬ original sound – The Dodo